Репрезентацијата на Шпанија е елиминирана во четвртфиналето на тенискиот Дејвис куп, а тоа значеше крај на кариерата на Рафаел Надал. Најголемиот шпански тенисер загуби со 2:0 во сетови од Ботис ван де Зандсхулп со 4-6, 4-6, а неговата Шпанија е елиминирана од Холандија.
Поразот на Надал беше последниот меч во неговата кариера и Шпанецот заминува во пензија. Во кариерата Надал освои 22 гранслем-трофеи, од кои дури 14 беа на Ролан Гарос. Тој се радуваше и на 36 трофеи на Мастерс турнирите, има и златен медал од Олимписките игри. Во кариера триумфираше на вкупно 92 АТП-турнири.
Тенис ТВ кариерата на Надал и освојувањето на неговите највредни трофеи ги смести во речиси триминутно видео.
He came.
He saw.
He conquered.Every single championship winning moment in the legendary career of @RafaelNadal 🏆 ✨ pic.twitter.com/LU5r0azOTf
— Tennis TV (@TennisTV) November 19, 2024