Крај на едно ривалство во Премиер лигата: Кој е поуспешен во меѓусебните дуели, Клоп или Гвардиола?

На дерби-дуелот од англиската Премиер лига помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, веројатно за последен пат еден против друг како тренери на овие екипи се сретнаа Јирген Клоп и Пеп Гвардиола. Двајцата најдобри тренери на денешницата и приватно се големи пријатели, па нивната последна средба во Англија мина емотивно и за германецот и за каталонецот.

Клоп и Гвардиола како тренери на Ливерпул и Манчестер сити одиграа 30 натпревари во сите натпреварувања, но изненадувачки посуепешен е германецот со 12 победи, наспроти 11-те на Гвардиола. Седум натпревари завршиле без победник.

Сепак, гол-разликата е на страната на каталонецот, со 50 дадени и 47 примени погодоци. Доколку се бројат трофеите, тие апсолутно се на страната на Пеп Гвардиола.

Иако медиумите на Островот денешниот натпревар го прогласија како последен помеѓу најдобрите тренери на денешницата, сепак постои мала веројатно дека може да играат уште еднаш меѓусебе. Тоа може да се случи само во англискиот ФА, секако, доколку ги посака ждрепката.

- Оглас -

Најнови вести