Крај на љубовната драма – Ванда и Икарди објавија дека се разведуваат (ФОТО)

Ванда Нара и Мауро Икарди ќе се разведат по осум години брак. Ваквата вест ја објави Ванда Нара на својот инстаграм-профил.

„Со оглед на тоа што добивам големо медиумско внимание, подобро е да дознаете од мене отколку од други. Имам само да кажам дека се разведувам. Имајте повеќе почит кон моите деца и кон мене“, стои во дел од текстот на Ванда Нара.

Ванда и Икарди имаат две деца, додека три се од бракот со Макси Лопес. Минатата година тие беа во центарот на вниманието откако се откри дека Икарди ја изневерувал својата сопруга со аргентинската глумица Чина Суарес.

 

- Оглас -

Најнови вести