Русије речиси четири години е суспендирана од ФИФА и УЕФА и не учествува ниту во квалификациите, ниту на големите фудбалски турнири, но нивната репрезентација игра пријателски натпревари.
Во овие речиси четири години, Русите одиграа 23 пријателски меча и не загубија ниту еднаш, но и на таа серија ѝ дојде крајот. Русија вечерва го играше 24-тиот меч по суспензијата и загуби на домашен терен од Чиле со 0-2.
Победата за Чиле ја донесоа Тапиа во 37-мата и Бреретон Дијас во 76-тата минута.
Освен овој пораз, Русите имаат 15 победи и осум нерешени средби, со гол-разлика од 68 дадени и само 12 примени гола.

