Регуларниот дел од НБА сезоната заврши, конечните пласмани и паровите од плејофот и плеј-ин турнирите беа одлучени дури во натпреварите од последниот ден.
Детроит пистонс после 20 години има сезона со 60 победи, Оклахома Сити тандер има со најдобар резултат во лигата што му носи предност на домашен терен во целиот плејоф. Најважната вест е дека Никола Јокиќ играше синоќа и го исполни условите да биде МВП на сезоната бидејќи играл 65 меча колку што се бара. Центарот на Денвер нагетс го предводеше својот тим до 12-та победа по ред, и официјално стана првиот играч во историјата на НБА кој во една сезона би и најдобар скокач и најдобар асистент во лигата.
Познати плејоф двојки на Истокот се Њујорк – Атланта и Кливленд – Торонто. Детроит ќе чека разврска од плејин разигрувањето, можни ривали му се Мајами, Шарлот, Филаделфија и Орландо. Бостон истотака чека, но можни противници му се Филаделфија или Орландо.
На западот, ЛА Лејкерс игра со Хјустон, битка на Леброн Џејмс против Кевин Дурант, а Денвер на Јокиќ ќе се бори со Минесота на Ентони Едвардс.
Оклахома Сити и Сан Антонио Спарс ќе почекаат да го дознаат ривалот. Спарс може да се падне со Феникс или Портланд, а на Тандер можни противници им се и ЛА Клиперс и Голден Стејт.


