Најголемата сага во летниот преоден рок конечно е завршена, Килијан Мбапе се согласи да остане во ПСЖ без да се инсистира да потпише нов договор, по што идното лето ќе има одврзани раце да се пресели во Реал Мадрид.
За возврат, Мбапе ќе се откаже од бонусот за лојалност, кој нема да биде помал од 80 милиони евра.
Мбапе на средбата со претседателот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи, се согласил и да му се намали платата за претстојната сезона од 30 на 20 милиони евра нето бидејќи одби да го продолжи договорот.
Француските медиуми пишуваат дека од ова сценарио се задоволни и во ПСЖ бидејќи ќе заштедат помеѓу 80 и 90 милиони евра на бонусот за лојалност и на намалувањето на платата на напаѓачот.
Од ваквото сценарио најголем победник ќе биде Реал Мадрид, кој ќе го добие Мбапе идното лето, и тоа без да плаќа отштета.