Сагата околу Никола Миротиќ и неговиот нов клуб откако си замина од Барселона, конечно е завршена. Миротиќ во новата сезона ќе го носи дресот на италијанскиот шампион Олимпија Милано, објави порталот „Ла Преалпина“.
Според „Ла Преалпина“, Миротиќ ја прифатил понудата на италијанскиот тим одд 1.52 милион евра по сезона, која била за 30 отсто помала од тоа што му го нудеше шампионот на АБА-лигата, Партизан.
Nikola Mirotic reportedly accepted Olimpia Milano’s offer https://t.co/TaXmO1nLeR
— Sportando (@Sportando) July 30, 2023
Според медиумот, понудата на Партизан за Миротиќ изнесувала 3,8 милиони евра за две години.
Миротиќ имаше договорено речиси се со Партизан, но поради заканите кои ги добиваше, одлучи да не потпише за Црно-белите.
Шпанскиот репрезентативец кој е роден во Црна Гора, исто така ја одби понудата на Панатинаикос вредна осум милиони евра за две сезони.