20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Крај на сагата околу Тадиќ, дефинитивно никогаш нема да заигра за Црвена ѕвезда

Црвена Звезда направи сè што можеше за да го доведе рекордерот по број на настапи за српската репрезентација, Душан Тадиќ, но екс капитенот на Ајакс кој минатата сезона играше за Фенербахче, ги одби сите понуди на Ѕвезда, и Црвено-белите конечно се откажаа од него.

Тадиќ не сакаше да го прекрши зборот и ветувањето дека ќе игра само за Војводина во Србија, каде што пораснал, па затоа 36-годишникот ќе бара среќа надвор од белградска „Маракана“.

Се очекува и следната сезона да биде во странство, а потоа ако коцките се наредени, ќе има големо враќање на „Караѓорѓе“ во Нови Сад, каде што легендарниот српски фудбалер би сакал да ја заврши кариерата.

Тадиќ досега ги одбиваше понудите од Саудиска Арабија и САД, бидејќи сè уште сака да игра фудбал на највисоко ниво.

Ѕвезда е полна со офанзивни играчи, тука се две „икони“ на клубот, Мирко Иваниќ и Александар Катаи, но Тадиќ ќе беше големо засилување.

- Оглас -

Најнови вести