Крај на српската сапуница: Тадиќ им се извини на соиграчите и на Пикси!

Се чини дека недоразбирањата во репрезентацијата на Србија се надминати. Голема бура во јавноста предизвика изјавата на капитенот, Душан Тадиќ, кој лут затоа што не беше стартер против Англија, изјави дека селекторот згрешил бидејќи тој како најдобар играч во селекцијата, требало да го започне мечот.

„Во хотелот Максимилијан во Аугсбург, каде престојува репрезентацијата на Србија во текот на Европското првенство во Германија, беше одржан состанок на стручниот штаб со фудбалерите. Се зборуваше за претстојните обврски, а помеѓу другото, капитенот на репрезентацијата, Душан Тадиќ, ја искористи приликата да им се извини на соиграчите и селекторот за непримерните изјави после натпреварот со Англија.“ – се вели во дел од соопштението на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, беше изненаден кога дозна од новинарите за изјавите на Тадиќ и рече дека тоа воопшто не е добро, ако навистина така изјавил.

- Оглас -

Најнови вести