Џеферсон Луис (46) официјално стави крај на својата уникатна фудбалска кариера, која траеше неверојатни 28 години. Иако не е познат по достигнувања на највисоко ниво, неговата фудбалска приказна е речиси без преседан во светот на спортот.
Напаѓачот од Доминиканската република ќе остане запаметен како фудбалерот кој дури 51 пат го менувал клубот, што значи дека во просек на секои шест месеци преминувал во нов тим. Играше за вкупно 42 клуба.
Својата кариера ја започнал во Ризборо ренџерс во 1996 година на само 17 години, започнувајќи ја својата одисеја низ пониските лиги на англискиот фудбалски систем.
Иако направил 51 трансфер, Луис никогаш не ја напуштил англиската фудбалска сцена. Играл и за велшките клубови Врекзам и Њупорт, но и тие се натпреваруваат во англиските лиги.
Меѓу позначајните клубови за кои настапувал се: Оксфорд јунајтед, Врекзам, Бристол роверс, Кроули таун, Линколн сити, Њупорт каунти…
Кариерата на Луис е доказ за неговата посветеност, љубовта кон фудбалот и упорноста да продолжи да игра и покрај тоа што никогаш не се проби на највисокото ниво. Тој останува вистинска фудбалска легенда на „ниските лиги“, со животна приказна достојна за документарен филм.