Крај на сезоната за Кајри Ирвинг, ги скина лигаментите на коленото (Видео)

Ѕвездата на Далас маверикс Кајри Ирвинг тешко се повреди и веќе е јасно дека сезоната за него е завршена. На последниот меч против Сакраменто, Ирвинг во еден продор заработи повреда, поради која мораше предвреме да го напушти теренот.

По направените лекарски прегледи јасно е дека повредата е сериозна. Ирвинг ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, повреда која бара неколкумесечна рехабилитација, па сезоната за него е завршена.

Ирвинг сезонава одигра 50 од досегашните 62 меча и беше феноменален, постигнувајќи 24,7 поени по меч. По трампата на Лука Дончиќ во Лос Анџелес и повредата на Ентони Дејвис, сега Далас остана и без Кајри Ирвинг.

- Оглас -

Најнови вести