Кралевите бесни на судиите: „Ова беше стапица!“

Реал Мадрид доживеа болна елиминација од шпанскиот Куп на кралот од градскиот ривал Атлетико, откако загуби после продолженијата со 4-2. Во Мадрид не стивнуваат реакциите за натпреварот, а посебно за делењето на судиската правда од страна на Гиљермо Квадро Фернандес.

Официјалната телевизија на Реал Мадрид, РМТВ, во своите специјализирани емисии посебно се осврна на судењето. Имаше бројни коментари, а според нив, лошото судење е уште една добра причина за формирањето на Супер лигата.

„Тоа што го видовме во првото полувреме беше пристрасно судење“, беше еден од коментарите, за потоа да следува и обвинување дека „ова е стапица“. Посебно беше истакнат стартот на Де Пол над Винисиус, кој според новинарите на телевизијата и гостите бил за црвен картон.

Неизбежно беше во разговорот да биде вмешана и Барселона и судијата Карлос Клос Гомес, па беше направена паралела помеѓу него и Гиљермо Фернандес.

– „Ова беше срамота, катастрофа и ужас. На Де Пол му го прости црвениот картон. Барселона никогаш нема загубено со Карлос Гомес. Ова беше очекувано, видовте и сами низ пристрасните одлуки.“ – рече новинарот кој ја водеше емисијата.

- Оглас -

Најнови вести