Кралевите без проблем го освоија „Пионир“, Таварес им делеше лекции на Црвено-белите

Кошаркарите на Реал Мадрид славеа со убедливи 59:79 на гостувањето кај Црвена ѕвезда во рамки на 18-тото коло од Евролигата.

Иако ослабени со неиграњето на Аргентинците Кампацо и Вилдоса, Американецот Мартин и Црногорскиот Ивановиќ, Црвено-белите со голем оптимизам поради одличната серија, го дочекаа најтрофејниот европски клуб, но добија кошаркарска лекција. Последната четвртина Реал ја доби со 8:22, што најдобро покажува колку беа подобри Кралевите.

Центарот на Реал, 220 сантиметри високиот Валтер Таварес, во одлучувачките моменти си поигруваше во центрите на Ѕвезда, средбата ја заврши со 17 поени и 12 скока и иако не беше најефикасен во својот тим, беше најдобар кога беше најпотребно.

Листата на стрелци кај Реал ја предводеше Џанан Муса со 19 поени, додека кај Црвена ѕвезда одлична партија прикажаа Немања Недовиќ со 18 и Филип Петрушев со 17 поени.

Реал Мадрид е лидер на табелата со скор од 12 победи и шест порази, додека Ѕвезда е десетта со скор од девет победи и порази.

- Оглас -

Најнови вести