Кралевите дома играат дерби-дуели во кошарка и фудбал, зголемени квоти за „кецовите“, иако ривали се Барселона и Атлетико Мадрид

Денешниот Супер тип е речиси рамноправен кога се работи за понудата на фудбал, кошарка и хокеј. Шест фудбалски меча се со зголемени квоти, а по пет такви натпревари има од кошарката и хокејот.

Панатинаикос игра против ПАОК во Атина и „кецот“ е со квота од 2.40, а Гронинген дома да се радува во холандското првенство против Камбур е со коефицинет од 2.50.

Во шпанскиот куп, Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ е домаќин на градскиот ривал Атлетико, а за триумф на Кралевите квотата е 2.10. Навивачите на Реал денеска ќе имаат целодневни возбудувања затоа што два часа пред фудбалското дерби ќе има кошаркарско Ел Класико бидејќи Реал е домаќин на Барселона. За победа на домаќините, квотата е 1.70.

Во хокејот има четири попладневни дуели на кои за победи на фаворитите се нудат квоти од 1.65 до 1.85 и се примамливи за играње за љубителите на зимските спортови.

- Оглас -

Најнови вести