Кралевите го заковаа Интер на дното, европскиот првак очекувано во осминафиналето (видео)

Реал Мадрид го доби клучниот меч против Интер со 2-0 на „Џузепе Меаца“, по што Нераѕурите се најдоа на дното во групата Б и уште се без победа по четири кола.

Еден Азар ги трасираше Кралевите кон клучниот триумф со погодок од белата точка во седмата минута, а конечниот резултат го постави младиот Родриго во второто полувреме. Во 59-тата минута, кога Родриго влезе во игра, веднаш се најде корисен во акцијата и со неговиот удар заврши во мрежата на Хандановиќ, со помош на Хакими, па на крајот голот се запиша како автогол на бекот на Интер.

Реал сега има седум бода по четири кола, еден помалку од лидерот Гладбах, додека Интер има два бода и е на последното место.

Европскиот првак Баерн Минхен обезбеди пласман во осминафиналето по сигурните 3-1 над Салцбург. Баварците се приклучија на Челзи, Севилја и Манчестер сити во нокаут-фазата, кои исто така по четири кола обезбедија европска пролет.

Големо изненадување се случи на „Енфилд“, каде што Аталанта делумно се реваншираше за претрпениот дебакл од Ливерпул во Беграмо. Божицата славеше со 2-0 благодарение на Иличиќ и Госенс, па ќе биде интересно до крајот во групата Д, каде што Ливерпул, Аталанта и Ајакс се борат за првите две места и пласман во осминафиналето.

Останати резултати:

Ајакс 3-1 Митјиланд

Атлетико Мадрид 0-0 Локомотив Москва

Марсеј 0-2 Порто

- Оглас -

Најнови вести