Реал Мадрид славеше минимална, но значајна победа на гостувањето кај локалниот ривал Хетафе во предградието на главниот град на Шпанија.
„Кралевите“ победија само со 0-1, пред се благодарение на голот на Килијан Мбапе во 80-тата минута, три минути откако домашните останаа со играч помалку на теренот по исклучувањето на Ниом.
Во 84-тата минута беше исклучен уште еден фудбалер на Хетафе, Алекс Санчес, но и покрај предноста од два фудбалери на теренот, Реал Мадрид не успеа да дојде до поубедлива победа.
„Кралевите“ се вратија на првата позиција на табелата со 24 бода, два повеќе од Барселона во пресрет на Ел Класико.