Реал Мадрид, ПСЖ и Галатасарај лесно ќе победат

1306 Реал Мадрид – Валенсија (21 ч.)

Реал Мадрид покажа слабосто во минатото коло кога прв пат сезонава не даде гол и изненадувачки одигра без голови против Рајо Ваљекано. Сега Кралевите сигурно нема да дозволат повторно непријатно да ги изненадат фановите на „Сантијаго Бернабеу“.

Валенсија е во добра низа од пет средби без пораз, но сега Реал им е ривал и тешко  дека може да остане непоразен. Традицијата вели дека речиси секогаш имало повеќе голови кога играат овие два клуба, па така треба да биде и вечерва.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.45)

 

1702 Ремс – ПСЖ (17 ч.)

Според моменталната ситуација на табелата, ова е дерби меч. Ремс одлично започна и има 20 бодови од 11 меча доволно за четвртото место на табелата, додека ПСЖ има четири бода повеќе.

Минатата сезона Ремс успеа два пати да одигра нерешено што само потврдува дека овој тим во континуитет ига добро. Сепак, ПСЖ е тим со најдобриот напад во лигата, Светците се во одлична форма и едноставно треба да се вратат победнички од ова гостување.

Предлог тип: 2&0-3 (2.65)

 

1005 Борнмут – Њукасл (18:30 ч.)

Жестоко темпо има за Њукасл кој во последните 14 дена одигра дури пет меча. Токму затоа заморот може да биде голем проблем за гостите. Традицијата кога играат овие два тима вели дека на последните осум меча Њукасл има четири победи, а четири пати било нерешено.

Борнмут е во зоната за испаѓање и има само една победа, а во 11 средби прими дури 27 голови.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.84)

 

1956 Хатајспор – Галатасарај (17 ч.)

Галатасарај со 10 победи и само едно реми е лидер во турското првенство и на денешното гостување се очекува гигантот од Истанбул да победи. Галатасарај ја има убедливо најдобрата одбрана, а Хатајспор е тимот кој има дури пет нерешени дуели.

На последните шест дуели на овие две екипи имало барем по три голови, што само покажува дека погодоците не треба да изостанат.

Предлог тип: 2&3+ (1.91)

 

1540 Викторија Гимараеш – Порто (21:30 ч.)

За Порто е очекувано тоа да е тим кој се бори за највисок пласман, но сезонава и Викторија Гимараеш игра одлично и моментално е на петата позиција. Со само 13 дадени и само седум примени погодоци, Порто е тимот на чии дуели сезонава има најмалку погодоци.

Дури и кога се работи за традицијата, на три од последните пет средби на овие два клуба, немало повеќе од еден гол.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.60)

 

 

- Оглас -

Најнови вести