23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Кралевите израмнија клупски антирекорд

Сезоната за Реал Мадрид заврши со тежок пораз од Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство. Шпанскиот гигант беше декласиран со 0-4 од освојувачот на Лигата на шампионите и првпат од 2021 година останува без ниту еден освоен трофеј.

Кралевите не доживеале ваков пораз од 26 октомври минатата година, кога беа поразени со ист резултат 0-4 од Барселона во Ла Лига. Во текот на сезоната, Реал претрпе уште два порази со најмалку три гола разлика, 2-5 повторно од Барса во шпанскиот Суперкуп и 0-3 против Арсенал во Лигата на шампионите.

Во сите натпреварувања оваа сезона, Реал прими вкупно 84 гола, со што го израмни антирекордот во историјата на клубот од сезоната 1998/99.

Овој пораз беше прв под водство на новиот тренер Чаби Алонсо. Дополнително, ова беше трет пораз за Реал во последните пет натпревари против ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести