„Кралевите“ ја имаат највисоката премија за освојување на Светското клупско првенство

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе добијат премија од по еден милион евра за освојување на Светското клупско првенство во САД. „Кралевите“ од таков успех ги делат уште три победи, а како што пренесува „Ас“, математиката на Флорентино Перес е јасна.

Клубот ова натпреварување го рангираше на ниво на Лигата на шампионите и максимално сериозно му пристапи, па досегашната заработка е 55,16 милиони евра, а доколку дојдат до трофејот, сумата ќе се искачи на 111,6 милиони евра.

Комплетниот престој во САД ќе ги чини околу два милиони евра, па јасно е зошто Флорентино Перес им понудил толку висока премија на своите фудбалери за освојување на клупскиот Мундијал.

Сепак, ова воопшто мала сума која ќе влезе во касата на Реал Мадрид за натпреварување кое трае само еден месец.

- Оглас -

Најнови вести