Реал Мадрид славеше со 3:1 во најголемото фудбалско дерби, Ел Класико, против Барселона. Кралевите ја научија лекцијата од последната средба во Ла Лига, кога токму на „Сантијаго Бернабеу“ загубија со 0:4, не ги повторија грешките и со два гола во првото полувреме ја најавија победата во 185-тото Ел Класико.
За Барселона ова е второ големо разочарување во последните четири дена, откако во средата одигра 3:3 со Интер на домашен терен и шансите за пласман во осминафиналето во ЛШ ги сведе на теорија.
Иако поседот на топката им припадна на Каталонците, како и бројот на шутеви, но во првото полувреме кога беа постигнати двата гола, доминираше триото на Реал од средниот ред, Крос, Модриќ и Чуамени.
GOAL!
Real Madrid 1-0 Barcelona
Benzema scores the opener!
#ElClásico pic.twitter.com/Z6sOSptHw7— Saqlain (@Saqlain20221010) October 16, 2022
Токму Крос има клучна улога во постигнувањето на првиот гол на Реал во 11-тата минута, одлично го проигра во празен простор Винисиус Жуниор, кој излезе сам пред голманот на Барселона, Тер Штеген, кој го запре шутот на Бразилецот, но одбиената топка дојде до Бензема, кој со прецизен шут го отвори резултатот.
На 2:0 зголеми Федерико Валверде со одличен шут од 17-тина метри. Интересно, ова е само втор гол на Реал во дуелите со Барселона, кој од 1998 година, па досега го постигнува со удар надвор од шеснаесетникот.
Real Madrid goal 2-0 pic.twitter.com/C79N4E7FG8
— Kad4rJordan23 (@Legend_q71) October 16, 2022
Во вториот дел, Кралевите ѝ ја препуштија иницијативата на Барселона и својата шанса ја бараа преку контранападите. Токму од таква акција Бензема во 52-рата минута постигна гол, но беше поништен поради офсајд.
Првата голема шанса за Барселона дојде во 78-мата минута, кога Фати прв дојде до одбиената топка во шеснаесетникот на Реал и силно шутираше, но топката помина покрај десната статива.
🎥 FC Barcelona Goal
⚽️ Ferran Torres
— Barça Spaces (@BarcaSpaces) October 16, 2022
Неизвесност во дербито внесе Феран Торес со голот во 83-тата минута, по асистенцијата на Роберт Левандовски. Сите дилеми околу победникот ги реши Родриго со голот од пенал во 91-вата минута.
https://twitter.com/i/status/1581678248635006977
По дербито, Реал Мадрид се осамостои на лидерската позиција на табелата со 25 бода, додека Барселона остана на 22 бода.