Кралевите ја започнаа операцијата Белингам и подготвија рекордна понуда 

Англискиот репрезентативец Џад Белингам, се очекува да биде една од главните ѕвезди во летниот преоден рок за кого „ќе војуваат“ Ливерпул и Реал Мадрид, но Кралевите веќе го направија првиот конкретен чекор.

Весникот „Ас“ пишува дека Реал Мадрид веќе ја започнал „операцијата Белингам“, и  член на управата на Кралевите во Дортмунд имал средба со фудбалерот и неговото семејство за да им ги објасни плановите на тимот, зошто Белингам треба да го избере шпанскиот тим, како и да ги отстрани евентуалните дилеми што ги има играчот.

Пред реванш натпреварот од осминфиналето во ЛШ меѓу Челси и Борусија Дортмунд, шефот на скаутинг службата на Реал Мадрид, Јуни Калафат, на 7. март во Лондон имал средба со таткото на фудбалерот, на кој повторно било разговарано за евентуалниот трансфер и за улогата на Белингам во тимот на Кралевите.

Белингам сè уште нема донесено конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, во Реал Мадрид кој веќе ги направи првите конкретни чекори или во Ливерпул, што би претставувало остварување на сонот за фудбалерот.

И двата тима се подготвени да платат отштета поголема од 100 милиони евра, а Реал е подготвен дури и да го собори клупскиот рекорд и да понуди 140 милиони. Досегашниот рекорд е трансферот на Еден Азар од Челси за 115 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести