22.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Кралевите ќе ја продолжат мизеријата на Детроит, во Орландо дуел на двете најпријатни изненадувања сезонава (Фото)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат пет натпревари за кои Sport Life подготви 156 комбинации за играње.

Програмата започнува со два натпревари кои привлекуваат големо внимание. Минесота тимбервулвс е најпријатно изненадување во НБА-лигата, со учинок од 25 победи и 10 порази е лидер во Западната конференција.

Одлично игра и Орландо меџик кој е шести на Истокот со учинок 21-15 и кој славеше на последните два меча.

Квотите се на страната на Минесота (1.58), а дополнителен мотив за лидерот на Западот се повредите на Херис, Инглс, Ајзак и Вагнер кај Орландо.
Детроит пистонс на последниот ден од 2023 година ја прекина рекордната серија порази (28 во низа) со триумф над Торонто (129:127), но годинава им се врати на старите навики и веќе нанижа четири порази по ред. Детроит е најлош тим во НБА-лигата со само три победи и дури 33 порази.

Вечерва Детроит игра против Сакраменто кингс кој моментно е петти на Западот со 21 победа во 35 натпревари. Дополнителен проблем за најлошиот тим во НБА-лигата претставува и повредата на коленото на најдобриот играч Кејн Канингам поради што е неизвесен неговиот настап. Сево ова го прави Сакраменто голем фаворит за триумф вечерва.

На останатите мечеви, домаќините ќе ја имаат фаворитската улога и тоа Њујорк против Портланд, Далас против Мемфис кој остана без најдобриот играч Џа Морант и ЛА Лејкерс против Торонто.

Покрај стандардните игри, тука е популарната игра „плус-минус“ поени за кошаркари. Вечерва има 39-мина кошаркари за кои може да погодувате дали ќе ја надминат или не предложената граница.

 

- Оглас -

Најнови вести