Реал Мадрид во првите три кола од новата сезона во шпанското првенство играше на гостински терен, а викендов конечно за првпат ќе заиграат дома на „Сантијаго Бернабеу“.
Со тој меч в сабота против Бетис, за Реал почнува една низа мечеви кои ќе ги игра само во главниот град на Шпанија. Реал цели 50 дена нема да игра лигашки меч надвор од Мадрид.
Од следните 11 лигашки мечеви, Реал дури 10 пати ќе игра во Мадрид (седумпати ќе биде домаќин и трипати ќе гостува) и ќе има само едно патување, до Елче во десетто коло на 19 октомври.
Сепак, пред Светското првенство, гостувањето кај Елче нема да биде единствено патување за играчите на Реал. Тие ќе треба да патуваат и до Шкотска, Германија и Полска за мечевите од Лигата на шампионите, но тоа не е ништо со оглед на обврските кои ги имаат со набиениот календар.

