Ќе има и заштита од една милијарда евра – Јунакот на Реал со гол за трофејот во ЛШ трие раце, платата ќе му скокне на 10 милиони евра

Реал Мадрид му нуди нов договор на Винисиус јуниор, а двете страни се веќе договорени и останува само да се прецизира дали соработката ќе продолжи до 2026 или до 2027 година.

Јунакот на Кралскиот клуб и стрелец на победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул за 14-ти рекорден пехар ќе добие и значителнo покачување на годишната плата.

Моментно има 4 милиони евра на годишно ниво, а со новиот договор Реал му нуди 10 милиони евра, или два и пол пати повеќе.

Интересно е што гигантот сакаше договор со Бразилецот до 2028 година, но Винисиус е за малку покус рок и ќе потпише до 2026 или 2027 година.

Одредена е веќе и отштетната клаузула и таа ќе биде огромни една милијарди евра, но таа сума ќе важи само за клубови од Шпанија.

Во Реал се особено задоволни што 21-годишниот напаѓач ниту во услови кога не играше стандардно, воопшто не размислуваше за преселба во друг клуб, ниту преговараше за трансфер, иако заинтересирани екипи за него имаше доста.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести