28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Кралевите на последните три меча му дадоа 11 гола на Алавес, кога игра Брајтон, головите се задолжителни

1001 Кристал палас – Брајтон (21.00 часот)

Брајтон во минатото коло со поразот од Арсенал (0:2) ја прекина серијата од 16 меча во Премиер лигата на кои даваше и примаше гол. Кристал палас изминатиот викенд го направи најголемото изненадување, одигра 2:2 на гости кај Манчестер сити и со тоа ја прекина мини серијата од два пораза. Три од последните четири меѓусебни натпревари завршиле со идентичен резултат 1:1.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.23)

 

1455 Алавес – Реал Мадрид (21.30 часот)

Реал Мадрид ја продолжува битката со Жирона за лидерската позиција на табелата во Ла Лига и во дуелите против екипи како Алавес мора да се добиваат. Изненадувачки, Кралевите не се најефикасна екипа во Ла Лига (Жирона има три гола повеќе), но и покрај тоа просекот е малку повеќе од два гола по натпревар.

Во отсуство на првиот напаѓач Винисиус жуниор, улогата на реализатори ја презедоа Родриго и неверојатниот Џуд Белингам, кои заедно имаат постигнато 20 гола. Алавес загуби на последните два дуела во Ла Лига без притоа да даде гол, а на последните три меѓусебни дуели Кралевите славеа, и тоа со убедливи 3:0, 4:1,4:1.

Предлог тип: 2 & 1+I & 1+II (2.65)

 

1453 Кадис – Реал Сосиедад (19.00 часот)

Кадис го очекува борба за опстанок во Ла Лига. Иако е во серија од четири ремија во низа, се наоѓа само на еден бод од опасната зона. Реал Сосиедад пак игра добро во последните неколку сезони и моментно е шести на табелата само со пет бода помалку од четвртиот Атлетико Мадрид.
Баскијците имаат серија од пет меча без пораз, а на последните два дуела не прими гол. И традицијата е на страната на Реал Сосиедад, кој двата порази од Кадис ги доживеал во далечните 1990 и 1993 година.

Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.96)

 

2870 Атромитос – Олимпијакос (19.30 часот)

Олимпијакос ги искористи двата порази во последните четири кола на лидерот Панатинаикос и дојде само на три бода од лутиот ривал. Олимпијакос игра одлично во гости, на шест меча оствари четири победи и две ремија и има гол-разлика 11:3 кога игра надвор од својот стадион.

Атромитос се наоѓа на средина на табелата со двојно помалку освоени бодови од Олимпијакос, но има и катастрофален учинок против денешниот противник. На последните 15 меѓусебни натпревари, Олимпијакос има 11 победи и четири ремија.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.17)

 

1667 Гент – ОХ Левен (21.00 часот)

Гент со поразот од Бриж во претходното коло ја прекина серијата од шест меча без пораз во Жупилер лигата и има идеален противник да се врати во победнички ритам. ОХ Левен е претпоследен на табелата само со 13 освоени бода во 18 кола и згора на тоа ја има третата најслаба одбрана. Минатата сезона, Гент славеше со 2:0 во меѓусебниот дуел, има и четири победи во последните пет меѓусебни пресметки.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.15)

- Оглас -

Најнови вести