Кралевите нема ништо да менуваат: Голот на Реал ќе биде сигурен и следната сезона

Украинскиот голман Андриј Лунин е вистинско откритие на голот на Реал Мадрид оваа сезона, па сосема заслужено доби награда за одличните партии – нов договор со Кралевите. Неговата намера беше налето да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но тоа нема да се случи откако успеа дури 11-пати оваа сезона да ја сочува својата мрежа празна.

По повредата на Тибо Куртоа, Анчелоти не сакаше да го стави Лунин да брани, па го ангажира Кепа Аризабалага од Челзи како позајмен, но Украинецот, кој од 2018 е во Реал, чекаше и ја дочека својата шанса, која апсолутно ја оправда.

Лунин во 2018 беше купен од украинската екипа Зорја за 8,5 милиони евра и имаше статус на најслабо платен играч во Реал, но тоа сега ќе се промени и Украинецот ќе има иста плата со Белгиецот Тибо Куртоа, кој сепак се очекува да биде прв избор на Анчелоти за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести