1301 Реал Мадрид – Елче (21.00 часот)
Реал Мадрид поради настапот на Светското клупско првенство, дури денеска го игра натпреварот од 21-вото коло, кој мора да го добие. Кралевите моментно имаат дури 11 бода помалку од лидерот на табелата Барселона и победата против последнопласираниот тим на табелата е единствена опција. Во досегашната историја, Реал Мадрид и Елче одиграле 11 натпревари и Кралевите имаат седум победи и четири ремија.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.10)
1001 Арсенал – Манчестер сити (20.30 часот)
Вечерва се игра и дербито во Премиер лигата меѓу двете првопласирани екипи на табелата, Арсенал и Манчестер сити. Топчиите се лидери со 51 бод, додека Сити има три помалку, и тоа благодарение на киксот на Арсенал од саботата, кога пред своите гледачи одигра само 1:1 против Брентфорд.
Овие два тима веќе одиграа еден натпревар годинава, во ФА купот на кој славеше Сити со 1:0. На Манчестер сити му лежи гостувањето на „Емирати“ бидејќи победи на последните пет меѓусебни натпревари што се играа во рамките на Премиер лигата и има гол-разлика 11:1.
Но, Арсенал сезонава игра фантастично и на 10 натпревари на „Емирати“ оствари осум победи и има два порази.
Предлог тип: ГГ3+ (2.15)
6001 Бриж – Бенфика (21.00 часот)
Бенфика игра одлично сезонава, се наоѓа на лидерската позиција во портуласкиот шампионат, а го освои првото место во групната фаза во ЛШ, и тоа пред ПСЖ. Во осминафиналето ќе игра против Бриж, кој исто така изненади и го „исфрли“ Атлетико Мадрид од ЛШ.
Португалскиот тим е фаворит во двомечот и се наоѓа во подобра форма. Бенфика на последните седум натпревари во португалскиот шампионат оствари шест победи и ремизира против Спортинг, додека Бриж има само една победа во седум меча во белгиската Жупилер лига.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.88)
6007 Борусија Д. – Челзи (21.00 часот)
Борусија Дортмунд го пречекува десеткуваниот од повреди Челзи во првиот осминафинален натпревар во ЛШ. Милионерите фантастично ја започнаа 2023 година, победија на сите шест натпревари во Бундеслигата и Германскиот куп и притоа на секој од овие мечеви даваа најмалку по два гола.
Сините, пак, играат многу под очекувањата, се наоѓаат на десеттото место во Премиер лигата, а имаат серија од три нерешени натпревари. Два од нив завршија без голови, а последниот што го одиграа во саботата против Вест хем заврши 1:1. Згора на тоа, менаџерот Греам Потер има големи проблеми со повредите и за вечерашниот дуел нема да може да смета на Броја, Канте, Мадуеке, Менди и Пулишиќ, додека лекарите непосредно пред мечот ќе одлучат дали Стерлинг ќе биде во комбинација за настап.
Предлог тип: 1 (2.45)
1921 Винтертур – Сервет (18.45 часот)
Винтертур е претпоследен на табелата во швајцарската Суперлига и во заостанатиот натпревар од 17-тото коло го пречекува второпласираниот Сервет. Винтертур на последните два меча покажа знаци на живот и оствари победа над Лугано и ремизира со Цирих.
Сервет славеше на последниот натпревар против Грасхоперс со 2:1. Меѓусебните натпревари меѓу нив редовно завршуваат најмалку со три постигнати гола и за очекување е традицијата да продолжи и денеска.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)