Кралевите планираат да пазарат во Премиер лигата

Реал Мадрид е заинтересиран за купување на фудбалерот на Челси, Каи Хаверц, објави италијанскиот новинар Фабио Гато.

Тој објави дека Челси за Хаверц бара 100 милиони евра, додека Кралевите се подготвени да понудат најмногу 70 милиони.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во Хаверц ја гледа евентуалната замена за Карим Бензена, кој има богата понуда од Саудиска Арабија и можно е во летниот преоден рок да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Хаверц имаше слаба сезона, одигра 47 меча за Сините во сите натпреварувања и постигна само девет гола.

- Оглас -

Најнови вести