Раководството на Реал Мадрид му понудило на Ливерпул околу 15 милиони евра за трансферот на Трент Александер-Арнолд во зимскиот преоден рок. Англискиот клуб, сепак, одбил да го продаде дефанзивецот во зимскиот период, не сакајќи да преговара за потенцијалната трансферна сума со мадридскиот клуб.
Според „АС“, Ливерпул верува дека сè уште има шанси да го продолжи договорот со играчот.
Договорот на дефанзивецот со Ливерпул истекува на 30 јуни. Трент може да стане слободен агент летово и да го напушти клубот без отштета.
Дополнително, од 1 јануари Александер-Арнолд може да преговара со други клубови. Засега најзаинтересиран за него е Реал Мадрид, но исто така се најавува дека во трката на лето би можеле да се вклучат и Пари Сен Жермен и Интер.