Кралевите после две продолженија ги совладаа Кнезовите

Лидерот на кошаркарската Евролига, Реал Мадрид, ја продолжи својата победничка серија, но многу тешко славеше на гости против Монако, дури после 50 минути активна игра. Реал победи со 90-84 (во регуларниот дел беше 66-66).

Монако беше поблиску до победата во регуларниот дел и првото продолжение, а кога не успеа, следуваше казна.

За разлика од тој меч, во Атина немаше неизвесност, Панатинаикос лесно ја победи Басконија со 75-63, и тоа гостите го ублажија поразот во последната четвртина која ја добија со 31-18. За ПАО ова е само петта победа сезонава, и останаа претпоследни на табелата.

- Оглас -

Најнови вести