21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Кралевите повторно ја почестија Осасуна со покер голови, пречката го спречи Ѓулер да го постигне голот на годината (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид во рок од една седмица, по вторпат на натпреварот од Ла Лига постигнуваат четири гола и го продолжуваат походот кон титулата.

Минатиот викенд со 4:0 беше совладана Селта, а денеска жртва на Кралевите е Осасуна која е победена со 4:2.

реал Мадрид и на првиот натпревар против Осасуна кој го играше на својот „Сантијаго Бернабеу“, постигна покер голови (4:0).

Со триумфот, Реал Мадрид барем неколку часа ќе има двоцифрена предност на табелата, Кралевите имаат 72 бода, додека Жирона која својот меч против Хетафе ќе го игра подоцна.

Иако Реал даде четири гола, потегот на мечот го имаше младиот турски репрезентативец, Арда Ѓулер, на кого малку му фалеше да го постигне голот на годината. Тој во последните моменти од мечот, шутираше од половина терен но топката наместо во мрежата, ја погоди пречката.

Кралевите победата ја најавија уште во четвртата минута кога Винисиус жуниор го отвори резултатот. Голот на Бразилецот може да го видите ТУКА.

Само три минути подоцна, навивачите на „Ел Садар“ стадионот се израдуваа на голот на Будимир кој може да го видите на овој ЛИНК.

Реал Мадрид водството го врати преку Дани Карвахал во 18-тата минута, а во второто полувреме ја завери убедливата победа.

Прво, Брахим Дијас во 61-та минута зголеми на 1:3, а Винисиус жуниор само три минути подоцна погоди за 1:4.

Во судиското продолжение, Муњос намали на 2:4.

- Оглас -

Најнови вести