3179 Партизани – Тирана (19.00 часот)
Ова е градско дерби во албанскиот шампионат. Партизани досега одигра шест меча и освои 11 бода и доколку слави на заостанатите два дуела, ќе избие на првото место на табелата, што претставува дополнителен мотив на денешниот натпревар. Тирана освои 13 бода од седум меча. Партизани нема пораз на домашен терен досега, има две победи и едно реми. Но, и Тирана игра одлично на гости, на четири меча досега славеше на три, а на еден одигра нерешено. Традицијата покажува дека на нивните меѓусебни натпревари редовно има голови, но најчесто не повеќе од три. Последниот меѓусебен дуел на Партизани беше домаќин, заврши со негов триумф од 2:0.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.93)
2811 Вендсисел – Хорсенс (19.00 часот)
Ова е дуел од данската втора лига, и тоа меѓу екипи кои по 12 кола имаат идентичен учинок, по пет победи и порази и две ремија. Хорсенс во последното коло ја прекина серијата од четири натпревари без пораз, додека Вендсисел пак ја прекина мини-серијата од два порази. На последните десет меѓусебни натпревари, само еден дуел завршил со повеќе од четири гола, а два без голови.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.50)
8697 Реал Мадрид – Армани Милано (20.45 часот)
Кралевите се еден од трите тима кои по три кола во Евролигата имаат три победи и вечерва се големи фаворити да извојуваат нов триумф. Европскиот шампион засилен со повратникот во Реал Мадрид, Факундо Кампацо, делува моќно на стартот од сезоната победувајќи ги Басконија, Анадолу Ефес и Жалгирис, а Аргентинецот беше во главната улога во последните два меча. Во триумфите над Анадолу Ефес и Жалгирис имаше дури 19 асистенции и вечерва ќе биде главен адут за триумф над засилениот Армани Милано.
Италијанскиот тим кој летово го донесе Никола Миротиќ досега одигра два меча и има половичен скор, пораз од Фенербахче и триумф над Олимпијакос. Дополнителен мотив за Кралевите е и податокот дека славеа на последните четири меѓусебни дуела и на сите имаше повеќе од 160 поени.
Предлог тип: 1 & > 161.5 (2.45)
8696 Басконија – Жалгирис (20.30 часот)
Басконија лошо ја започна сезоната во Евролигата со два пораза и една победа, а вечерва игра против Жалгирис, кој има два триумфа во првите три меча. Басконија е тим во која шутот за три поени е главно оружје, редовно упатуваат по 30-тина шута на секој натпревар, што е најава за ефикасен натпревар. Коди Милер-Мекинтаер, Чима Монеке, Тадас Седекерскис и Вања Маринковиќ се главните адути на шпанскиот тим, но на овој натпревар ќе се прашуваат и кошаркарите на Жалгирис, кои просечно постигнуваат по 80 поени по меч.
Предлог тип: > 162.5 (2.02)
9162 Веспрем – Висла Плоцк (18.45 часот)
Дуелот меѓу Веспрем и Висла Плоцк треба да биде еден од најинтересните во петтото коло во ракометната Лига на шампионите. Унгарскиот тим секоја година е меѓу главните фаворити за пласман на завршниот турнир, а сезонава ја започна одлично со три победи и еден пораз. Од друга страна, Висла Плоцк сè уште нема победа и за очекување е и по ова коло да остане на нула бодови. Веспрем демонстрира моќ во преходното коло со убедливата победа над Порто од 44:34, но одлика на полскиот тим е добрата игра во одбрана. Најмногу поени прими од Монпелје и ГОГ Гудме – по 30, додека иако загуби од европскиот шампион Магдебург, го „задржа“ на 28 поени (26:28) .
Предлог тип: 1 & < 62.5 (2.22)