3.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Кралевите се откажале од трансферот на Конате

Раководството на Реал Мадрид го известило Ливерпул дека повеќе немаат интерес за дефанзивецот Ибрахима Конате. Французинот беше една од главните цели на Кралевите ова лето, особено поради тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Во моментов, Конате е во преговори со Ливерпул за продолжување на договорот на „Енфилд“, но двете страни се далеку од согласност околу висината на неговата плата. Иако е еден од поискусните играчи во тимот на Арне Слот, Конате е меѓу најмалку платените фудбалери.

Според информации од Англија, платата на неговиот дефанзивен партнер и капитен, Вирџил ван Дајк, е трипати повисока. Пред само неколку дена, Конате истакна дека се надева наскоро да ја соопшти одлуката за својата иднина.

Минатото лето, Реал доведе друг играч од Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, за симболична сума од 10 милиони евра, што им овозможи да го имаат еден месец пред официјалниот крај на неговиот договор со Црвените.

- Оглас -

Најнови вести