22.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Кралевите се погрижија да има Ел Класико во Суперкупот на Шпанија (Видео)

Реал Мадрид ја победи Мајорка со 3-0 и се пласира во финалето на Суперкупот на Шпанија, каде ќе ги одмери силите со големиот ривал Барселона. Ќе биде тоа ново Ел Класико кое директно ќе одлучува за трофејот во ова натпреварување, кое оваа година се игра во Саудиска Арабија.

Џуд Белингам во 63-та минута го отвори резултатот, а во финишот Кралевите постигнаа уште два гола. Во 92-та минута со автоголот на Ваљент, Реал зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Родриго во 95-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести