Кралевите сè уште му се при срце – Реакцијата на Роналдо по голот на Винисиус (Видео)

Кристијано Роналдо предизвика огромно внимание со присуството на Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“ вчера, а очекувано се радуваше на победата на Реал Мадрид против Барселона.

Фоторепортерите и камерманите постојано го имаа во кадар ЦР7, кој беше специјален гостин на својот поранешен клуб Реал Мадрид.

Роналдо беше таличен за Кралскиот клуб, кој победи со 2:0, а еден од најдобрите играчи на сите времиња повторно по долг период го почуствува победничкиот дух на „Сантијаго Бернабеу“.

Погледнете ја реакцијата на Кристијано по првиот гол на Винисиус Јуниор во 71-вата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести