Кралевите си играа со оган и изгореа (видео)

Селта Виго изненадувачки води на гостувањето кај фаворитот Реал Мадрид благодарение на искористениот подарок од страна на Санти Мина уште во четвртата минута од мечот.

Мина го постигна првиот гол на „Сантијаго Бернабеу“ првпат од март 2020 година по Ел Класико дербито меѓу Реал и Барселона, по што стадионот беше затворен за реновирање. Сега може да се игра на него иако не е комплетно завршен, а враќањето на Кралевите во својот дом засега не се одвива според планот.

Дефанзивната линија на тимот на Анчелоти претера во додавањата пред својот шестнаесетник, по што потклекнаа на притисокот и ја загубија топката во опасната зона, а Мина ја смести зад грбот на Куртоа.

- Оглас -

Најнови вести