Кралевите сигурни против Елче, Арда Ѓулер даде гол од 60 метри (Видео)

Реал Мадрид ја продолжи трката со Барселона за врвот во Ла Лига, откако на „Сантијаго Бернабеу“ убедливо го совлада Елче со 4-1 во 28-то коло.

Со оваа победа, Кралскиот клуб стигна до 66 бода и се наоѓа на второто место на табелата, само еден помалку од Барселона, која има и натпревар помалку пред дуелот со Севиља.

Домаќините долго време не успеваа да го скршат отпорот на гостите, но во 39-то минута Антонио Рудигер со силен волеј од околу 11 метри ја затресе мрежата за водство од 1-0. Само неколку минути подоцна, во 44-та минута, Федерико Валверде постигна прекрасен погодок со удар од далечина и го зголеми водството на 2-0.

Во второто полувреме Реал Мадрид рутински ја контролираше играта, а во 66-та минута дефанзивецот Дин Хаусен со удар со глава погоди за 3-0.

Гостите успеаја да намалат во 85. минута, а конечните 4-1 ги постави Арда Ѓулер во 89-та минута со спектакуларен удар од повеќе од 60 метри.

- Оглас -

Најнови вести