Кралевите треба да се вратат на победничките патеки

1302 Реал Мадрид – Еспањол (14.00 часот)

Реал Мадрид се наоѓа во серија од три натпревари без победа и направија чекор наназад во битката за титулата. Кралевите ремизираа на двата последни натпревари во Ла Лига против Атлетико Мадрид и Бетис, и денеска победата е императив.

Еспањол кој во последното коло загуби од Валјадолид и ја прекина мини серијата од две победи, е идеален противник за фудбалерите на Реал Мадрид да се вратат на победничките патеки. Реал славеше на последните девет меча со Еспањол што се играа на „Сантијаго Бернабеу“, а последен пат не победи на домашен терен во 2012 година.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.30)

 

1002 Тотенхем – Нотингам Форест (16.00 часот)

И Тотенхем се наоѓа во серија од три натпревари без победа со што му дозволија на Ливерпул да се приближи на само три бода од четвртото место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите. Кризата кај Петлите е евидентна.

Во средата одиграа без голови со Милан и го завршија настапот во ЛШ, а претходно доживеаја два минимални порази од Вулверхемптон и Шефилд јунајтед. Нотингам по слабиот старт на сезоната, игра се подобро и успеа да избега од опасната зона, сега е 14-ти на табелата, но тешко дека ќе освои бодови на стадионот на Тотенхем. Дополнителен проблем за гостите е тоа што на листата на повредени се наоѓаат дури осум фудбалери.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.19)

 

1703 Брест – ПСЖ (21.00 часот)

Победа му е потребна и на ПСЖ по уште една разочарувачка сезона во ЛШ. Светците во средата повторно загубија од Баерн и тоа во Минхен со 2:0 и предвреме го завршија настапот во елитното натпреварување. Брест е одлична можност за Мбапе и Меси да ја преболат елиминацијата од ЛШ, ПСЖ победи на последните 12 меѓусебни натпревари и со нов триумф ќе ги дојде чекор поблиску до титулата во Лига 1.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.45)

 

1806 Шалке – Борусија Дорт. (18.30 часот)

Рурското дерби е едно од најголемите во германскиот фудбал без разлика што Шалке игра слабо сезонава и се наоѓа во долниот дел од табелата. Шалке има серија од шест натпревари без пораз, а победи на последние два дуели, додека Борусија Дортмунд е колидер на табелата заедно со Баерн Минхен. Традицијата е на страната на Милионерите кои последниот пораз од Шалке во Гелзенкирхен го доживеале пред пет години.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.09)

 

3003 Наполи – Аталанта (18.00 часот)

Ако и веруваме на традицијата, на последните пет натпревари во Серија А, Наполи и Аталанта секогаш играле ГГ3+. Наполи сигурно чекори кон шампионската титула, на 13 кола до крајот има 15 бода предност пред Интер и избраниците на Лучано Спалети сигурно ќе сторат сé за да се вратат на победничките патеки откако во минатото коло загубија од Лацио со 0:1. Аталанта три кола нема победа во Серија А и падна на шестото место на табелата со 42 бода, пет помалку од Милан и Рома кои се наоѓаат на позицијата која носи пласман во ЛШ.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.20)

- Оглас -

Најнови вести