4.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Кралевите во последната четвртина го прелетаа Олимпијакос, триумф за Партизан и пораз за Црвена ѕвезда

Во второто коло од новата сезона на кошаркарската Евролига, Баерн Минхен ја победи Црвена Звезда со 97-88. Црвено-белите добро го отворија мечот и имаа предност во првото полувреме, но германскиот тим направи пресврт во второто полувреме.

Клучна беше спектакуларната вечер на Андреас Обст, кој постигна 31 поен, меѓу кои девет тројки и уште четири поени од слободни фрлања. Поддршка доби од Да Силва со 12 поени и Исaја Мајк (11). Кај Звезда, најдобри беа Џордан Нвора со 27 поени, Чима Монеке со 15 и Коди Милер Мекинтаер со 16, но тоа не беше доволно за триумф.

Во Белград, Партизан ја забележа првата победа сезонава, совладувајќи го Армани Милано со 80-78. Црно-белите доминираа во првото полувреме и стигнаа до плус 20 во третата четвртина, а Стерлинг Браун и Карлик Џонс го диктираа темпото. Гостите од Милано успеаја да ја намалат предноста, но последниот обид на Гудуриќ не беше успешен.

Реал Мадрид во дербито на вечерта го совлада Олимпијакос со 89-77, а решавачка беше последната четвртина која Кралевите ја добија со убедливи 25-8. Марио Хезоња со 18 поени го предводеше Реал Мадрид, а Габриел Дек го поддржа со 13. Тајлер Дорси со 20 поени беше најефикасен на мечот.

- Оглас -

Најнови вести