Реал Мадрид вечерва на „Сан Мамес“ во Билбао ја завршува серијата од шест гостувања по ред, четири во шпанската Ла Лига и две во Лигата на шампионите. На досегашните пет, билансот им е многу лош, 1-3-1.
Реал последниот меч дома го одигра на 1 ноември, кога ја разби Валенсија со 4-0 и во тој момент отиде на 8 бода предност пред Барселона. Во меѓувреме, повеќе од еден месец на нивниот „Бернабеу“ не се играше фудбал, но се играше американски фудбал, меч од НФЛ-лигата кој му донесе пари и реклама меѓу Американците на Реал и на неговиот преубав стадион.
Тимот на тренерот Чаби Алонсо игра слабо на гостински терен, резултатите се многу послаби отколку кога играат во Мадрид. Имаат три гостински ремија по ред во лигата (во ЛШ по еднаш загубија и победија), затоа сега се на -4 во однос на Барса, а за да дојдат на бод негатива, мора да победат на традиционално тешко гостување. На пример: Реал минатата сезона загуби во главниот град на Баскија.

