Александар Трајковски, херојот на Македонија од средбата против Италија, со својот клуб Ал-Феиха се пласира во финалето на Кралскиот куп на Саудиска Арабија.
Македонскиот репрезентативец влезе во 84-тата минута во полуфиналната средба против Ал-Итхад, којашто неговиот тим ја доби со 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Мохамед Абусаман во 34-тата минута, а тој гол е вреден финале и можност за прв голем успех на Алекс со новиот клуб.
Во финалето ќе се сретнат со најголемиот и најпознатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, а финалната битка за трофејот ќе биде на 15 мај.