Кралот Александар владее и во Саудиска Арабија – Македонецот и Ал-Фејха испишаа историја (ВИДЕО)

Александар Трајковски со својот клуб Ал-Фејха го освои кралскиот клуб во Саудиска Арабија. Во финалето, кое се одржа во Џеда, тие го победија најдобриот клуб од оваа држава, Ал-Хилал, и тоа по подобро изведување на пенали, откако резултатот по 90, односно 120 минути беше 1:1.

Нашиот репрезентативец ја напушти играта во 105-тата минута и не беше дел од пенал-рулетот. Ова за Алекс е првиот важен трофеј во кариерата, додека за неговиот клуб е прв трофеј во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести