Леброн Џејмс раситни нова илјадарка и се најде на уште една Топ-листа на сите времиња во НБА лигата. Кралот на кошарката ноќеска по јубилеен илјадите пат постигна над 20 поени во најсилната кошаркарска лига на светот и е на третото место на вечната листа зад Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар.
Леброн уфрли 25 поени во победата на Лос Анџелес лејкерс против Мајами хит со 95:80 и сега е само зад легендите Мелоун и Џабар, а пред Коби Брајант и Мајкл Џордан, кои имаат 941, односно 926 пати постигнато 20+ поени во НБА.
Мелоун е лидер со рекордни 1.134 натпревари на кои ја минал граб=ницата од 20 поени, пред Џабар со 1.122 меча со 20, или повеќе поени.
https://twitter.com/NBA/status/1193030035369803776?s=20