35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Кралот Џејмс се враќа по одмазда на местото каде што го доживеа дебаклот на кариерата

Леброн Џејмс се враќа ноќеска на местото каде што го доживеа највисокиот пораз во 17-годишната НБА-кариера, а популарниот крал сака реванш против Индијана пејсерс.

Леброн и неговите соиграчи за последен пат гостуваа во „Филдхаус арената“ во Индијана на петти февруари и доживеаја вистински потоп со пораз од 136:94.

Џејмс тогаш беше најдобар стрелец на Лејкерс со 18 поени, но го доживеа и најболниот пораз во кариерата.

Со него во Индијана доаѓа и Франк Фогел, кој сега е тренер на Лејкерс, а ги предводеше Пејсерс од 2011 до 2016 година и си замина како стратег со најмногу победи во клупската историја на Индијана.

Леброн ќе игра сигурно, иако има повреда на рамото што ја заработи на дуелот со Мајами во петокот. Потоа настапи против Атланта хоукс и е подготвен за настап против Пејсерс.

 

- Оглас -

Најнови вести