Реал Мадрид очекуваше лесна задача против последнопласираната екипа во Евролигата, но доживеа шокантен пораз од Панатинаикос со 87:86 во Атина.
Отпишаните го нокуаутираа Кралот и најтрофеен тим во Европа, со што му ги намалија шансите во битката за второто место во регуларниот дел од Евролигата.
Панатинаикос иако го почна мечот како последен на табелата одигра одличен меч, а најави победа уште во првата четвртина што ја доби со 22:11.
Реал стопи шест поени разлика во следните два периоди од по 10 минути, но немаше сили за пресврт и загуби во Атина.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1509615625185869834?s=20&t=MecFi0anuYIU65-bIpK1pw
Кралскиот клуб падна на третото место со биланс 18-9, колку што има и второпласираниот Олимпијакос.
На врвот е Барселона со ефект од 21 победа и пет порази. Панатинаикос го избегна последното место и сега е пред Жалгирис со 8 победи и 18 порази и без шанси за плејоф.