Арсенал го разби актуелниот европски првак Реал Мадрид со 3-0 и направи огромен чекор кон полуфиналето во Лигата на шампионите, а блиску до полуфинале е и Интер, кој со 2-1 славеше против Баерн во Минхен.
Деклас Рајс со два фантастично изведени слободни удари и Микел Мерино за 17 минути, од 58-мата до 75-тата дадоа три гола за голем триумф на Топчиите, кои 19 години немаат играно полуфинале во ЛШ. Реал и во третиот меч против Арсенал нема дадено гол.
Интер до големата победа во Минхен дојде со гол на Фратези во 88-мата минута и го оддалечи Баерн од посакуваното финале на својот стадион.
За Баерн заврши серијата од 22 европски меча по ред без пораз на домашен терен. Погледнете го погодокот кој му донесе значајна предност на Интер пред реваншот:
⚽️ GOAL: Frattesi
🇪🇺 Bayern München 1-2 Interpic.twitter.com/1P1tiVekgo
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 8, 2025