8394 Леброн Џејмс (Сан Антонио спарс – ЛА лејкерс, 02:30)
Пред две вечери, Леброн Џејмс имаше фантастична претстава против Голден стејт ворирорс и стана најстариот играч во историјата којшто успеал да постигне повеќе од 50 поени на еден меч.
„Кралот“ сега е пред нов предизвик, наречен Сан Антонио, предводен од легендарниот Грег Попович. Лејкерси се на деветтото место и има големо незадоволство од нивните игри, па ќе им биде потребна победа за колку-толку да се смират страстите, но повторно сето тоа сè ќе зависи од Леброн.
Предлог тип: Леброн Џејмс >30.5 (1.87)
8359 Филаделфија 76-ерс – Чикаго булс (01:00 часот)
Одличната форма во којашто беше Филаделфија е прекината со пораз на минатата средба. Сепак, тоа не треба да ги исфрли од ритам Џоел Ембид и Џејмс Харден, кои се подготвени за ново шоу.
Чикаго е токму таква екипа, којашто е можеби и највозбудливата за следење во оваа сезона. Лонзо Бол и Алекс Карузо ќе отсуствуваат поради повреда, но тука се Зак Левињ и одличниот Демар Дерозан.
Предлог тип: >230.5 (1.91)
8362 Далас маверикс – Јута џез (02:30 часот)
Спектаклот во Тексас започнува по 02:30 часот по полноќ, каде што Лука Дончиќ ќе ги води Далас во голема битка против Џезерите.
Четвртата и петтата екипа на Западот ќе ги одмерат силите, а во голема мера играта на Далас ќе зависи од феноменалниот Дончиќ. Гостите, пак, ќе настапат со целиот свој арсенал.
Донован Митчел, Руди Гобер и Богдан Богдановиќ ќе бидат во стартната постава.
Предлог тип: <217.5 (1.91)
8360 Мајами хит – Хјустон рокетс (01:30 часот)
Нема дилеми околу тоа кој е фаворит на оваа средба и сè освен огромна домашна победа ќе биде вистинско изненадување.
Мајами на последните пет средби има четири победи и само еден пораз, а во просек постигнува по 111,5 поени. Од спротива, пак Хјустон е „перфектен“ со пет порази од исто толку средби, а во просек дава по 109 поени.
Затоа, типот што го предлагаме ние е победа на домаќинот и да видиме помал број поени на средбата.
Предлог тип: 1&<225.5 (2.20)
8398 Домантас Сабонис (Сакраменто кингс – Њујорк никс, 04:30 часот)
Литванскиот „ѕвер“ игра одлично по доаѓањето во Сакраменто. На седум натпревари има исто толку дабл-дабл остварувања, односно во просек по 17,8 поени и 13,4 скокови по натпревари.
Во раните утрински часови, Сабонис ќе го води Сакраменто на битка против незгодните Њујорк никс, кои и не се најквалитетни гости сезонава.
Со оглед на тоа дека бележи одличен просек, Сабонис и на оваа средба се очекува да блесне и да постигне најмалку 17 поени.
Предлог тип: Домантас Сабонис >16.5 (1.90)