Како што е веќе познато, НБА лигата привремено е суспендирана додека трае пандемијата со Коронавирусот. Од вчера се потврди дека има нови заразени кошаркари меѓу кои и двајца членови на ЛА лејкерс, кои засега не се именувани.
По таквите информации логично е за играчите на Лејкерс да се во самоизолација, истото важи и за Леброн Џејмс, кој реши да се дружи со своите фанови преку Инстаграм и одговораше на нивни прашања. Прашањето кое привлече внимание е кој фудбалер, или фудбалери му се омилени на Кралот, тој наброја неколку, но меѓу нив не го спомна Лионел Меси.
„Омилени фудбалери? Сите до еден од Ливерпул, како и Мбапе, Нејмар, Кристијано Роналдо. Тие се легенди, ги обожувам“, одговори Леброн. Инаку, Џејмс поседува 2% акции на Ливерпул, па не е ни чудо што прво го именуваше составот на Јирген Клоп.