31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Кралот кажа што ќе направи ако коронавирусот ги испразни салите

Леброн Џејмс со 37 поени ноќеска го предводеше тимот на Лејкерс во дербито против Милвоки кое Езерџиите го добија со 113:103. Лидерот на Западот го потврди пласманот во разигрувањата за првпат по сезоната 2012/13, а по мечот новинарите му поставија интересно прашање на Кралот што би направил доколку се затворат вратите во спортските сали како превентива за ширење на коронавирусот.

„Ако се појавам во сала и трибините се празни, нема да играм. Поради навивачите сум тука, за нив играм, воопшто не ме засега што ќе се случи, јас не играм без навивачи“, истакна Леброн.

- Оглас -

Најнови вести