Кралот Кире седна на тронот, со шпалир и овации испратен во пензија! (фото+видео)

Кирил Лазаров, најдобриот македонски ракометар и селектор на нашата репрезентација, вчера за последен пат се појави пред домашната публика на Нант, а клубот приреди церемонија во чест на ракометната легенда.

Повеќе од 6.000 навивачи го отпоздравија македонскиот бомбардер, кој на 42 години по крајот на оваа сезона ја завршува играчката кариера, а заедно со него уживаше и семејството Лазарови.

Шпалир за великанот и стоечки овации – во Нант се случуваше вистинско шоу во чест на нашиот Лазаров. Го чекаше и кралски трон, му доделија и круна, како што му доликува.

https://twitter.com/HBCNantes/status/1534656028868063232

Инаку Нант сигурно славеше во последниот меч од француското првенство со 32-18 против Тулуз, Лазаров остана на клупата.

- Оглас -

Најнови вести